Мускулите на лицето и совет за поцврсто и поодморено лице
Мускулите на лицето имаат важна улога во нашите изрази, мимики и целокупниот изглед. Со текот на времето тие може да изгубат дел од својот тонус, што придонесува лицето да изгледа поуморно и помалку затегнато.
Ако забележувате дека лицето изгледа уморно, опуштено или дека контурите не се изразени како порано, тоа најчесто е знак на намален мускулен тонус и забавена циркулација.
Еден едноставен совет за свеж и „одморен” изглед е редовната стимулација на лицевите мускули. Современ начин за ова е EMS (Electrical Muscle Stimulation), кој преку нежни импулси ги активира мускулите на лицето. Кожата изгледа поцврста, поеластична и посвежа кога се практикува редовно.
Резултатите се постепени и најдобри се кога се комбинираат со добра хидратација и правилна нега.