Nativa Beauty Studio
Третмани
за лице
Секој третман е внимателно избран за да ти донесе видливи резултати — почиста, посветла и помлада кожа уште по првата сесија.
Закажи терминНашите третмани
Одбери го твојот третман
Чистење и хидратација
Длабинско чистење и хидратација
Со длабинско чистење се отстрануваат нечистотиите, вишокот себум и затнатите пори, додека интензивната хидратација ја враќа мекоста и природниот сјај. Кожата станува почиста, посветла и видливо поздрава уште по првиот третман.
Обнова на кожата
Дијамантска микродермоабразија
Нежен, но ефикасен третман кој ја обновува површината на кожата и ѝ дава свеж, изедначен изглед. Со дијамантски врв се отстрануваат мртвите клетки, се намалуваат неправилностите и се стимулира обновата. Идеален за кожа без сјај, проширени пори и фини линии.
Нежно чистење
Ултразвучно чистење
Модерен третман кој со ултразвучни вибрации длабински ја чисти кожата без иритација. Нежен е, безбеден и погоден дури и за чувствителна кожа. Кожата останува чиста, смирена и освежена, без црвенило и агресивен третман.
Биоревитализација
TPRX третман
Иновативен третман за биоревитализација кој ја стимулира кожата да се обнови одвнатре – без игли и без лупење. Го подобрува тонусот, ја затегнува кожата и ѝ дава природен glow.
✦ Одличен избор за оние што сакаат видлив ефект без период на опоравување.
Anti-aging
Anti-aging Yaqoot
Луксузен третман за подмладување кој ја храни кожата во длабочина и го стимулира создавањето на колаген. Видливо ги намалува фините линии и ја подобрува еластичноста. Кожата изгледа помазна, посјајна и подмладена.
Регенерација
Лузни и флеки – ЕГЗОЗОМИ
Напреден регенеративен третман кој ја обновува кожата на клеточно ниво. Егзозомите помагаат во намалување на лузни, пигментации и оштетувања, стимулирајќи природна регенерација. Кожата станува порамномерна, помазна и видливо подобрена.
Осветлување
Флеки – Neofound Whitening
Ефикасен третман за намалување на темни флеки и хиперпигментации. Активно делува на изедначување на тенот и осветлување на кожата. Кожата станува почиста, порамномерна и посјајна.
Lifting · Регенерација
Wonder Twine
Популарен anti-aging третман кој содржи ДНК/полинуклеотиди од лосос, познати по силното регенеративно и хидратантно дејство. Третманот делува во длабочина, ја подобрува еластичноста и го враќа природниот сјај на кожата.
✦ Со моментален lifting ефект, лицето изгледа поцврсто, помладо и свежо уште по првиот третман.
Лифтинг · Масажа
Face Sculpturing масажа
Специјална техника за природно обликување и лифтинг на лицето. Со длабока и прецизна масажа се подобрува циркулацијата, се намалува отокот, се релаксираат тензиите и лицето добива посвеж, поизразен и затегнат изглед.
Тонус · Затегнување
EMS на лице
EMS третманот за лице користи нежни електрични импулси за стимулација на мускулите, подобрување на тонусот и затегнување на кожата. Помага за поцврст и посвеж изглед на лицето, подобрување на циркулацијата и намалување на знаците на замор.
Изедначување на тен
PHIBRIGHT
Персонализиран третман за изедначен и сјаен тен, базиран на индивидуален пристап со Phi коктели, креиран според потребите на вашата кожа. Со внимателно одбрана комбинација на активни состојки делува на пигментации, нерамномерен тен и уморна, безживотна кожа.
✦ Резултатот е посвеж, посветол и изедначен изглед на кожата.
Закажи денес
Не си сигурна кој третман е за тебе?
Закажи бесплатна консултација и нашиот тим ќе ти помогне да го одбереш вистинскиот третман за твојата кожа.
Закажи термин →